ПОТСЕТНИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ Почитувани службени лица, Согласно надлежностите кои произлегуваат од член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РСМ“) 101/2019), имателите на информации имаат законска обврска да подготват Годишен извештај за спроведување на ЗСПИЈК за 2021 година, истиот да го достават до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер (до 31 јануари 2022 година), а потоа и да го објават на веб страната на имателот. Образецот е поставен и во линкот-документи на веб страната на Агенцијата ( и истиот може електронски да се пополни и да се отпечати. За уредни ќе се сметаат единствено извештаите потпишани од службеното лице и парафирани со печат на институцијата, кои ќе бидат доставени до Агенцијата: по пошта (на адреса бул „Гоце Делчев“ бр.18), на мејлот godisniizvestai@aspi.mk (во скенирана форма), или пак на новиот портал за иматели https://portal.aspi.mk/ .