ШЕСТИ СОСТАНОК НА КОНСУЛТАЦИЈАТА НА СТРАНИТЕ НА ТРОМСО КОНВЕНЦИЈАТА ВО СТРАЗБУР

01.10.2026

На 1 октомври 2026 година, во Советот на Европа во Стразбур, се одржа шестиот состанок на Консултацијата на страните на Тромсо конвенцијата, со учество на претставници од Република Северна Македонија, меѓу кои и претставник на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Во средиштето на состанокот беа евалуацијата на спроведувањето на Конвенцијата, усвојувањето заклучоци и препораки и унапредувањето на меѓународните стандарди за институционална транспарентност и отчетност.

Учеството на Агенцијата во овој мултилатерален процес е значајно за размената на експертски искуства, следењето на европските практики и натамошното унапредување на механизмите за остварување и заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Транспарентноста е начело на доброто управување, а правото на пристап до информации – суштинска гаранција за демократска отчетност и информирана јавност.

#ТромсоКонвенција #СоветНаЕвропа #ПристапДоИнформации #Транспарентност #Отчетност

Accessibility Toolbar