Директор
ПЕТАР ГАЈДОВ

Петар Гајдов е роден во Скопје.
Дипломирал на Правниот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Правосуден испит положил во 2003 година, а Нотарски испиит положил во 2013 година.
Во текот на својата професионална кариера како дипломиран правник работел како адвокатски приправник во адвокатска канцеларија, а потоа работел во Основен суд Скопје 2 Скопје (сега Граѓански суд Скопје). Своето работно искуство го продолжил во Апелациониот суд Скопје, како и во Општина Аеродром од каде во 2021 година доаѓа во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информциите од јавен карактер како Помошник раководител на Сектор за управно-правни и општи работи.
Во 2023 година е унапреден во државен советник за соработка со имателите на информации, меѓународна соработка и проекти, а во 2025 година Државен советник за правни прашања. Од оваа работна позиција, на 08. април 2026 година, од страна на Собранието на Република Северна Македонија е именуван за Директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информциите од јавен карактер.
Во текот на својата работна кариера во Агенцијата, се стекна со повеќе организациски вештини и способности од кои може да се потенцираат: спроведување на обуки и предавања од областа на заштитата на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, како и советувања, консултации и давање на советодавна помош на барателите на информации од јавен карактер, воедно и на службените лица за посредување со информации од јавен карактер при институциите – Иматели на информации од јавен карактер.
Гајдов е Предавач на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје, во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер. Тој е експерт во областа на исклучоците од слободниот пристап до информации од јавен карактер и имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи (Тромсо Конвенција), за која направи компаративна анализа на одредбите од Конвенцијата со одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Во рамките на своите професионални активности, Петар Гајдов беше службено лице за посредување со информации од јавен карактер во Агенцијата, како и лице за правна помош за иматели и за баратели на информации од јавен карактер. Врз основа на своите професионални и морални карактеристики како лице со личен интегритет и посветеност на законско постапување во процесите за организација и спроведување на работните задачи, тој беше номиниран за одговорно лице за интегритет и лице за внатрешно пријавување.
Петар Гајдов беше и редовен обучувач за службените лица за посредување со информации од јавен карактер, како и учесник во повеќе работни групи за изменување и дополнување на закони и национални стратегии.