СПРОВЕДЕН МОНИТОРИНГ ЗА ПРОАКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА 2025 ГОДИНА
Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер спроведе мониторинг на веб-страниците на јавните претпријатија во надлежност на општините и Владата на РСМ. Целта беше да се оцени проактивната транспарентност на овие институции, односно објавувањето на информации од јавен карактер без потреба од официјално барање.
Мониторингот покажа дека од 43 мониторирани иматели на информации, 6 имаат високо ниво на транспарентност, 25 имаат средно, а 12 имаат ниско ниво. Најтранспарентни се Ј.П. Комунална хигиена-Скопје, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија- Скопје и Ј.К.П. Дервен од Велес.
Сепак, голем број од веб-страниците не се доволно пристапни и кориснички-ориентирани. Информациите често се тешки за наоѓање, а веб-страниците не се прилагодени за лицата со попреченост. Ова укажува на потреба од подобрување на структурата и дизајнот на веб-страниците за полесен пристап до информациите.
Генерално, јавните претпријатија покажуваат средно ниво на проактивна транспарентност. Потребно е континуирано работење на подобрување на достапноста и организацијата на информациите на нивните веб-страници за да се обезбеди поефикасно остварување на правото на пристап до информации и да се зголеми довербата на граѓаните.
Агенцијата, изготви и споредбена анализа на активната транспарентност за 2021, 2023 и 2025 година на јавните претпријатија во општинска надлежност.
„Информирани граѓани, задоволни граѓани“, тоа е максимата за транспарентни институции.
Извештајот од мониторингот и споредбената анализа можете да го симнете на следните линкови: