ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ВО ОБЛАСТА НА ПРИСТАПОТ ДО ИНФОРМАЦИИ

24.06.2026

Директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Петар Гајдов, оствари работна средба со Мерсиха Усеин од Совет на Европа.

Во рамки на средбата, директорот Гајдов ја информираше г-а Усеин за неодамнешната студиска посета во Стразбур, посветена на регионалната размена на искуства за пристапот до информации во контекст на слободата на изразување. Тој ги презентираше клучните согледувања од средбите и дискусиите со претставници на релевантни институции и организации од регионот како и со членовите на Групата за пристап до информации на Советот на Европа (AIG), како и со судијата Дариан Павли од Европскиот суд за човекови права.

Посебно внимание беше посветено на натамошното унапредување на соработката во областа на транспарентноста, пристапот до информации од јавен карактер и примената на стандардите од Тромсо конвенција.

Средбата претставува уште една потврда на заедничката определба за размена на искуства, јакнење на институционалните капацитети и унапредување на правото на јавноста да биде информирана.

Accessibility Toolbar