ПРЕЗЕНТИРАНО ПРАВОТО НА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ТЕТОВО

10.05.2023

 

Денес, во просториите на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информациите од јавен карактер беше одржана презентација за правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за студентите од Универзитетот во Тетово-Факултет за бизнис администрација, насока Јавна администрација.

Студентите беа запознаени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, се со цел подигнување на свеста за ова основно човеково право загарантирано и со Уставот на Република Северна Македонија, како и за начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, односно со можностите кои произлегуваат од него за барателите на информации од јавен карактер, како и со обврските и должностите кои произлегуваат од него за имателите на информации.

На студентите им беше презентирана и работата на Агенцијата, нејзините надлежности, како и активностите кои ги презема во однос на промоцијата на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Исто така, на студентите им беше презентирано едукативно видео наменето за барателите на информации. Со едукативното видео е опфатена целата законска процедура за имплементирање на уставно загарантираното право на пристап до информациите од јавен карактер, а беа презентирани и едукативните материјали изготвени од Агенцијата за запознавање на барателите со Законот за СПИЈК.

Accessibility Toolbar