ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ПРОМОЦИЈА И РАЗВОЈ НА ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО ИНКЛУЗИВА

23.11.2023

На 23.11.23, Инклузива-Inkluziva и Агенцијата за заштита на право на слободен пристап до информациите од јавен карактер потпишаа Меморандум за соработка.

Соработката на Инклузива-Inkluziva и Агенција за заштита на право на слободен пристап до информациите од јавен карактер во иднина ќе придонесе да се  применува правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во рамки на локалните самоуправи на инклузивен начин, достапен за лицата со попреченост со цел да се зголемат капацитетите кај сите чинители за важноста од практикувањето и остварувањето на ова уставно загарантирано право преку едукација и информирање за придобивките од инклузивна проактивна транспарентност.

Овие активности се во рамките на Проектот за инклузија во пристапот до јавни информации за лицата со попреченост, кој е поддржан од Фондација  Отворено општество – Македонија.

Accessibility Toolbar