ПАТОТ ДО СЛОБОДНИОТ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ПОПЛОЧЕН СО ТУЖБИ, НЕТРАНСПАРЕНТНОСТ И МОЛК ОД АДМИНИСТРАЦИЈАТА

28.04.2024

Истражувачката статија на Новинска агенција МЕТА, фрла светлина врз предизвиците со кои се соочува Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, нагласувајќи ги напорите на Агенцијата вложени во справувањето со жалбите, справувањето со молкот на администрацијата и борбата против недостатокот на транспарентност кај имателите на информации од јавен карактер.

Архивата е преполна со предмети, а реновираните простории имаат поглед кон цело Скопје, како симболично да прикажуваат дека оваа Агенцијата за слободен пристап будно ја следи отчетноста на сите оние кои се финансираат од јавни пари. Но, секако, патот не е лесен – молчењето на институциите останува проблем, и покрај сите напори за искоренување на оваа појава – 60 проценти од жалбите се поради молчење на администрацијата, вели новинарката Мери Јордановска.

„Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град во државата?“ Ова се само дел од прашањата кои граѓаните можат да ги искористат и да добијат одговори, користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Секоја институција која располага со јавни пари, согласно законот, е должна да одговори на поднесените барања од граѓаните, невладините организации, новинарите и сите физички и правни лица во рок од 20 дена. Целта е едноставна – институциите да бидат транспарентни и отчетни пред јавноста.

„Пристапот до информациите е клучна компонента на транспарентната и одговорна власт. Смислата на пристапот до информациите е да им овозможи на граѓаните да видат како работи власта, односно да бидат во можност да откријат корупција или да откријат недостатоци при креирањето на политиките. Во таа смисла, информациите што ги креираат и со кои располагаат јавните власти ѝ припаѓаат на јавноста.“

И покрај напорите да се промовира и олесни пристапот до правата на информации, бирократските процедури и нетранспарентноста на некои од јавните институции како иматели на информации од јавен карактер сè уште претставуваат значајни пречки. Понатаму, статијата ја нагласува потребата од поголема одговорност и мерки за транспарентност за да се обезбеди ефективно функционирање на Агенцијата и да се поддржи правото на граѓаните за пристап до информации од јавен карактер.

Целата статија е достапна на следниот линк:

https://meta.mk/patot-do-slobodniot-pristap-do-informacii-poplochen-so-tuzhbi-netransparentnost-i-molk-na-administracijata/

Accessibility Toolbar