ПАРТНЕРСТВО ШТО ГРАДИ ДОВЕРБА, ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ПОДОБРИ УСЛУГИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

25.06.2026

Отворените институции не се создаваат случајно – тие се градат преку партнерства, знаење и искрена посветеност. Токму затоа, секоја средба што отвора простор за размена на идеи претставува нов чекор кон поефикасни институции и подобра услуга за граѓаните.

Директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Петар Гајдов, оствари работна средба со претставници на Националниот демократски институт (NDI), посветена на унапредување на транспарентноста, отчетноста и практичната примена на правото на слободен пристап до информации на локално ниво.

На средбата присуствуваа Дејвид Сип, тим-лидер на проектот, Ана Ангеловска, виш програмски менаџер, кои заедно со директорот Гајдов разговараа за можностите за продлабочување на соработката и имплементација на заеднички иницијативи што ќе придонесат за поотворени и поефикасни единици на локалната самоуправа во насока на остварување на правото на слободен пристап до информации. Средбата беше одлична можност за стекнување на нови искуства за Ребека Бесерман и Сидхарт Дасари студенти од Универзитетот во Тексас, кои беа во придружба на претставниците од  NDI.

Средбата овозможи размена на идеи и искуства околу идните заеднички активности за јакнење на транспарентноста и доброто владеење. Соговорниците разговараа за продлабочување на соработката со општините, јакнење на капацитетите на службените лица преку обуки и менторска поддршка, како и за развој на современи дигитални решенија што ќе овозможат поотворени институции и поквалитетни услуги за граѓаните.

Директорот Гајдов истакна дека транспарентноста е темел на довербата и предуслов за добро владеење, нагласувајќи дека преку соработка, размена на знаење и заеднички иницијативи може да се создадат поотворени институции кои навремено, ефикасно и одговорно ќе одговорат на потребите на граѓаните.

Агенцијата изразува искрена благодарност до тимот на NDI за конструктивната средба, разменетите искуства и подготвеноста за понатамошна соработка. Веруваме дека токму ваквите партнерства создаваат трајни вредности, поттикнуваат иновации и придонесуваат кон поголема транспарентност, отчетност и доверба во институциите.

Заедно продолжуваме да градиме култура на отвореност, отчетност и транспрентност.

Accessibility Toolbar