ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

28.09.2023

По 21-ви пат, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер го одбележа Меѓународниот ден за универзален пристап до информации, кој традиционално се одвива под мотото „Имаш право да знаеш“.

Агенција на интерактивен настан со поширока група на граѓани во најголемите трговски центри во Скопје (Ист Гејт и Сити Мол) го промовираше правото за слободен пристап до информации од јавен карактер во нашата земја како едно од основните човекови права, на кој граѓаните имаа можност непосредно да се запознаат со нивното уставно загарантирано право на пристап до информации од јавен карактер.

Директорката на Агенцијата, Пламенка Бојчева, имаше гостување на Националниот радиодифузен сервис, а на програмата на албански јазик колегите од правниот сектор, Исамед Сељмани и Макфирете Морина ги запознаа гледачите со правото на пристап до информации од јавен карактер и како да го остварат ова нивно право.

 

Accessibility Toolbar