ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СЕПУГС „ВАСИЛ АНТЕВСКИ-ДРЕН“

12.03.2024

Во просториите на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер се одржа обука за учениците од паралелката 3-8 од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, кои што го слушаат предметот „Прекршоци во постапка пред прекршочниот орган“ во рамките на нивната наставна програма и нивниот наставник Александар Давидовски.

Со цел да им се доближи оваа правна постапка преку искуствата на Прекршочната комисија во Агенцијата, со практични примери се запознаа со начинот на кој се води прекршочната постапка и тоа: кога и зошто може да се покрене прекршочна постапка, кој може да покрене и против кого може да се покрене прекршочна постапка, кои се фазите на прекршочната постапка и сл.

Воедно, учениците беа запознаени со одредбите од законот за СПИЈК, како и за надлежносите на Агенцијата.

Accessibility Toolbar