ОБУКА ЗА СЛУЖБЕНИ ЛИЦА КАЈ ИМАТЕЛИТЕ НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

02.11.2023

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер одржа обука за одговорните и службените лица кај инспекциските служби, како иматели на информации од јавен карактер. Обуката на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ произлезе од редовната месечна координација со државните инспекторати во Инспекцискиот совет, на која имателите беа запознаени со минатогодишниот Извештај за транспарентност на инспекциските служби кој го изготви Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Обуката ја реализираше тим на обучувачи од Агенцијата, а цел на истата беше подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и на обврските кои за нив произлегуваат од него, со посебен осврт на начинот на остварување на правото на пристап до информациите од јавен карактер.

Посебен акцент беше ставен на потребата од проактивно објавување на информаците кои ги создаваат и со кои располагаат овие институции. Со јакнење на активната транспарентност, граѓаните редовно се информираат за работата на институциите, а им се олеснува работата и на самите службеници. Притоа беше потенцирана потребата од инклузивност на веб страните, за ниту еден граѓанин да не биде изоставен од правото да биде информиран.

На обуката, пред присутните беа образложени постапката по барања за информациии од јавен карактер, жалбената и прекршочна постапка, запознавање со порталите и нивната примена во работењето на лицата задолжени за посредување со информациите од јавен карактер. како и законската обврска на имателите за подготовка на нивните годишни извештаи.

Ги повикуваме сите службени лица кај имателите на информации и самите да се пријавуваат за следење на обуките, на електронската адреса: obuki@aspi.mk.

Accessibility Toolbar