ОБУКА ЗА ИМАТЕЛИ НА ИНФОРМАЦИИ

28.03.2024

Како најголема во регистарот, групата на иматели на информации од образовните и здравствените институции на Република Северна Македонија беше во фокусот на обуката за „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, одржана во просториите на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Обучувачите од Агенцијата подетално ги запозна службените лица од образовните и здравствените институции во Република Северна Македонија со постапката за барање на информации од јавен карактер, исклучоците од слободниот пристап до информациите од јавен карактер, како и со начинот на кој се користи Е-порталот за иматели на информации — достапен на официјална интернет страница на Агенцијата.

За повеќе информации и практични вежби за поефикасно спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и олеснување на пристапот до информации од јавен карактер на сите граѓани, ги повикуваме сите службени лица кај имателите на информации и самите да се пријавуваат за следење на обуките, на електронската адреса: obuki@aspi.mk.

Accessibility Toolbar