МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОМЕСАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ (ICIC)
Меѓународната конференција на комесари за информации (МККИ- ICIC) е светски годишен форум кој ги поврзува комесарите за информации, народните правобранител и други тела надлежни за надгледување на спроведувањето на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од целиот свет, како фундаментален столб за социјалното, економското и демократското управување.
Мисијата на МККИ- ICIC е на самиот настан да се сподели знаење и најдобри практики, да се изградат капацитети, да се помогне да се идентификува што е потребно за глобалниот напредок и да се дејствува како колективен глас во меѓународните форуми со цел да се подобри правото на луѓето на пристап до информации од јавен интерес.
Домаќин на XV изданието на Меѓународната конференција на комесари за информации ICIC 2024, беше Канцеларијата на Комесарот за заштита на информации и лични податоци на Албанија.
Конференцијата се одржа во периодот од 3 до 5 јуни 2024 година во Тирана, Албанија и на истата Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер на Република Северна Македонија ја претставуваа Блерим Исени – Заменик директорор на Агенцијата, Макфирете Морина Сулејмани – Советник за спроведување на управни постапки и Александра Стојановска – Советник за меѓународна соработка.
Темата на овогодинешната конференција беше: „Зајакнување на поединците преку пристап до информации: обезбедување транспарентност и инклузивност во меѓусебно поврзан свет“. Годишната конференциска програма на ICIC се состоеше од затворена и јавна сесија. На затворената сесија присуствуваа акредитирани МККИ- ICIC) членови, додека на јавната сесија, покрај МККИ- ICIC) членовите, учествуваа и претставници на меѓународните организации и партнери, невладини организации (НВО), новинари и други заинтересирани и засегнати страни.
Агендата на конференцијата содржеше заеднички панели за дискусии и странични настани, обезбедувајќи сеопфатен форум за учесниците да се вклучат во повеќе аспекти и области, како и во комплексностите на пристапот до информации и транспарентност. Агенцијата со свои претставници беше присутна и доста активна во сите работни групи.
Главниот фокус на сите дискусии беше решавање на вообичаените теми поврзани со слободниот пристап како и да ги истражи можните решенија, земајќи ги во предвид новите технологии и дигитализацијата и нивниот ефект врз законските решенија и човекото правото на слободен пристап до инфрмациите од јавен карактер.
На затворената сесија,Собранието на МККИ го избра Извршниот комитет, составен од комисионерите на Албанија, градот Буенос Аирес (Аргентина), Бангладеш, Бермуда, Германија, Филипини, Јужна Африка и Соединетите Американски Држави. За Претседател на ИК, со поддршка на Секретаријатот, за периодот 2024-2027 година, е повторно избрана канцеларијата на Комисионерот (ИНАИ) од Мексико.
Последна активност беше усвојување на заедничка Изјава за медиумите (во прилог).