КОНФЕРЕНЦИЈА – ИНИЦИЈАТИВА 2020

16.10.2023

На 12 и 13 октомври, во Дубровник, Република Хрватска, се одржа четвртата средба на Иницијатива 2020, составена од државни институции за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, на земјите членки.

Делегацијата од Република Северна Македонија во името на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, ја предводеше директорката Пламенка Бојчева, во чиј состав беа Заменикот на директорот, Блерим Исени и државниот советник Петар Гајдов.

Во текот на двата работни дена актвно учество во дискусиите како и презентација на состојбите на полето на слободниот пристап до информации од јавен карактер во Северна Македонија, земаа директорката Бојчева и Заменикот на директорот Исени.

Презентација на тема „Компаративна анализа на судската пракса во постапките по тужби поврзани со слободен пристап до информации“ одржа државниот советник Гајдов.

На дводневната работна средба беа отворени повеќе теми и презентирани позитивни пракси, како и реални проблеми со кои се соочуваат националните тела за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, при што беа разменети и позитивни практики, по што беше донесено и заедничко соопштение како заклучок на дводневната работна средба.

Во прилог е заедничкото соопштение од конференцијата ИНИЦИЈАТИВА 2020

 

 

Accessibility Toolbar