ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШЕНА ПРОВЕРКА НА ОБЈАВЕНИТЕ ДОКУМЕНТИ И ИНФОРМАЦИИ КОИ ОПШТИНИТЕ И ЦЕНТРИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ПЛАНСКИ РЕГИОНИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КАКО ИМАТЕЛИ НА ИНФОРМАЦИИ СЕ ОБВРЗАНИ ДА ГИ ОБЈАВАТ НА СВОИТЕ ВЕБ-СТРАНИЦИ

23.05.2023

 

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно своите надлежности, изврши мониторинг на 89 иматели, односно на веб страниците на општините, Заедницата на единиците на локална самоуправа и Центрите за развој на плански региони, а објавени на Листата на иматели на информации на веб страната на Агенцијата. Мониторингот беше спроведен во периодот од 10 април до 15 мај 2023 година.

Проактивно објавените информации на имателите треба да бидат лесно достапни и разбирливи, да можат да се употребат, да бидат релевантни за граѓаните и истите редовно да се ажурираат. Информацијата е предуслов за одговорна власт и основа за демократските процеси-информациите за работата на имателите им овозможуваат на граѓаните адекватно да донесуваат заклучоци и да партиципираат во носењето на одлуки за прашања кои се од нивен интерес. Транспарентноста и пристапот до информациите од јавен карактер се неделиви инструменти во борба против корупцијата.

Според резултатите од мониторингот, најтранспарентни се Општините Валандово, Демир Хисар, Берово, Битола и Делчево со 58 односно 57 бодови, а по нив се трите општини со 56 бодови. Како и пред две години, повторно општините Валандово и Демир Хисар покажуваат најголема транспарентност на своите веб страници со 96,6%, односно 95% активна  транспарентност на објавените информации согласно членот 10 од Законот за СПИЈК. Треба да потенцираме дека општините Валандово и Демир Хисар на лесен и пристапен начин достапен до барателите ја практикуваат проактивната транспарентност и отчетноста во својата работа пред граѓаните.Исто така, општините Арачиново и Зелениково се повторно со најмалку објавени информации согласно ЗСПИЈК.

Проактивната транспарентност на мониторираните иматели е оценета со средна вредност. Сепак, ова не значи дека Единиците на локална самоуправа треба да бидат задоволни со својата транспарентност од причини што веб страните на најголемиот број на општини не се едноставни за добивање на одредена информација која е од интерес на граѓаните/барателите на информации од јавен карактер.

Мониторингот на веб страниците на Општините и Центрите за развој на планските региони покажа дека како иматели на информации од јавен карактер истите треба да ја подобруваат и зајакнуваат што повеќе својата проактивност кон граѓаните и информациите кои ги публикуваат да ги поставуваат во посебен банер/линк под наслов ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ/СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ, со што истите ќе бидат достапни до барателите и на тој начин ќе го намалат бројот на барања по слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Извештајот од мониторингот можете да го симнете на следниот линк:

ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГ НА ОПШТИНИТЕ, ЗЕЛС И ЦЕНТРИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ПЛАНСКИ РЕГИОНИ ВО РСМ

Accessibility Toolbar