ЕДНОДНЕВНА ОБУКА „СО ТРАНСПАРЕНТНОСТ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА“

27.01.2024

На 27.01.2024, се одржа еднодневна обука на тема „Со транспарентност против корупција“ во хотел „Милениум“ — Битола, во организација на Центарот за стратешки истражувања и документација „Форум“, со поддршка на Европската Унија. Воведно обраќање на обуката имаа спроведувачите на иницијативата „Младински активизам против корупција – вклученост и учество“, како и координаторот на проектот.

По презентацијата на извештајот од спроведеното истражување за распределба и користење на средствата од надоместок за производство на електрична енергија од фосилни горива од општините Битола, Новаци и Могила, учество зема и Петар Гајдов, државен советник од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Нашиот колега Гајдов се осврна кон механизмите за барање на информации од јавен карактер, приближувајќи го, при тоа, поимот „јавен интерес и информации од јавен карактер“ на присутните со детално објаснување и практични примери.

На оваа обука зеде учество и Емилија Мисирлиевски, новинарка во телевизија Телма и член на „Советот на чест“ при здружението на новинари. Новинарката Мисирлиевски се надоврза на презентацијата на колегата Гајдов, говорејќи за транспарентноста како алатка за борба против корупцијата.

Accessibility Toolbar