ВТОРА РАБОТНА СРЕДБА СО УНДП

28.11.2023

Денес во просториите на Агенцијата беше реализирана втора средба со преставници на УНДП. Тема на денешниот состанок беше Транспаретноста на општините, користената методологија, презентација на спроведениот мониторинг и резултатите.

УНДП ја реализира оваа активност во рамките на нивниот проект Зајакнување на Општинските Совети, со предвиден период на реализација од 2021 до 2028 година. Во рамките на проектот, од самиот почеток до сега, се опфатени 44 општини. Се очекува до крајот на реализација на проектот да бидат вклучени уште 20 општини.

Во оваа насока, Агенцијата ја појасни својата Методологија на спроведување на мониторинг на Активната транспаретност на општините и ги презентираше резултатите од своите годишни извештаи — активност која што Агенцијата ја спроведува од 2018 година.

Исто така, директорката Пламенка Бојчева ги истакна бројните придобивки од употребата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер — како за истражувачките новинари, така и за општините и останатите државни институции. Воедно, таа одново нагласи дека овој закон овозможува граѓанско учество при одлучувањето и спроведувањето на одлуки кои се од јавен интерес за секој поединец.

На состанокот беа потенцирани заедничките интереси од понатамошна соработка во рамките на овој проект и беше конкретизирана идната соработка со Агенцијата во рамките на другите два активни проекти на УНДП, каде што цела компонента ќе биде посветена на активности поврзани со слободниот пристап.

Најавената соработка ќе започне во 2024 година и ќе се одвива во рамките на повеќе проекти.

Accessibility Toolbar