ВО ПРЕСРЕТ НА 9 МАЈ – ДЕНОТ НА ЕВРОПА: РОДОВО-ОДГОВОРНИТЕ ПОЛИТИКИ И ТРАНСПАРЕНТНОСТА КАКО ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА

08.05.2026

Во пресрет на 9 Мај – Денот на Европа, ден што ја слави идејата за мир, демократскиот развој, заедничките вредности и еднаквоста, координаторите за еднакви можности од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер учествуваа на Националната консултација „Од обврски до акција: Родово-одговорен Патоказ за пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ – Агенда“, одржана во Владата на Република Северна Македонија, во организација на Министерството за европски прашања во соработка со канцеларијата на UN Women во Република Северна Македонија.

Во рамките на консултацијата беа разгледани институционалните приоритети, препораки и предлог-мерки поврзани со кластерите од Стратегијата за предпристапни преговори на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, со посебен акцент на интегрирањето на родовата перспектива во процесите на креирање политики, институционално планирање и статистичко следење.

Во дискусијата беше истакнато дека транспарентноста и пристапот до информации претставуваат клучен предуслов за развој на родово-одговорни политики и успешно спроведување на европските интегративни процеси, како и дека родово-одговорниот пристап бара достапни, навремени и разбирливи информации, институционална отчетност и пристап до релевантни податоци.

Дополнително, беше нагласена потребата од унапредување на проактивната транспарентност, зајакнување на институционалната координација и усогласување со европските стандарди во областа на добро управување, еднакви можности и пристап до информации.

Повеќе на следниот линк:

Европската интеграција мора да биде праведна, инклузивна и еднаква за сите

Accessibility Toolbar