14-ТО ИЗДАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОМЕСАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ
23.06.2023

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, претставувана од директорката Пламенка Бојчева, зема активно учество на 14-то издание на Меѓународната конференција на комесари за информации, која се одржа од 19 до 21 јуни 2023 година, во Манила, Филипини.
Покрај остварените бројни средби и размена на искуства и добри практики со претставниците од повеќе земји во светот, Директорката Бојчева учествуваше и како панелист на конференцијата, при што уште еднаш ја афирмираше работата на Агенцијата во оставрувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и заштитата на јавниот интерес.