УСВОЕНА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА СОРАБОТКА НА ВТОРОСТЕПЕНИТЕ ОРГАНИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ 2020

20.10.2020

Денес (20 октомври 2020 година) се одржа он лајн конференција на која учествуваа претставниците на регулаторните тела за пристап до информациите од јавен карактер. На конференцјата учество земаа претставници од Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија. Конференцијата беше организирана од страна на Повереникот за информации на Словенија.
Свое излагање на конференцијата имаше и директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, г-ѓа Пламенка Бојчева. Во своето излагање Бојчева ги запозна присутните со новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и со активностите кои ги презема Агенцијата во периодот откако започна имплементацијата на законот. Исто така, претставниците на сродните институции беа запознаени со новите IT алатки кои Агенцијата ги подготвува за барателите и имателите, односно порталите slobodenpristap.mk и порталот за имателите, со што на брз и поедноставен начин истите ќе можат да го исползуваат правото на пристап до информациите од јавен карактер, а имателите ќе ги користат современите технологии за побрза имплементација на законските обврски, како и за двете видеа наменети за барателите и имателите на информации. Директорката Бојчева истакна дека во наредниот период во соработка со граѓанските организации ќе се работи на предлог измени на законската регулатива во однос на исклучоците од Законот, тестот на штетност, во делот на прецизирање на проактивната трансапрентност, како и на прекршочната постапка во однос на одговорните лица кај имателите на информации од јавен карактер.
Од излагањата на претставниците произлезе заклучок дека сите земји учеснички на конференцијата се судруваат со исти или слични проблеми и беа дефинирани неколку теми за идна средба и размена на искуства.
На крајот од конференцијата едногласно беше усвоена Декларацијата за соработка на второстепените органи за пристап до информации 2020 и логото на истата.

Accessibility Toolbar