ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР: АНАЛИЗА НА СУДСКАТА ПРАКСА НА УПРАВНИОТ СУД (2019-2023) И ВЛИЈАНИЕТО НА ТРОМСО КОНВЕНЦИЈАТА ВРЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ

20.02.2025

Во организација на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, се одржа тркалезна маса на тема: „Анализа на судската пракса на Управниот суд (2019-2023) и влијанието на Тромсо конвенцијата врз транспарентноста на институциите“, како дел од проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“, кој е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2023-2026“ (Horizontal Facility III).

Тркалезната маса се фокусираше на теми за унапредување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер по ратификацијата на Тромсо Конвенцијата од страна на Северна Македонија во 2024 година. Целта беше да се покаже влијанието на Конвенцијата врз подобрувањето на транспарентноста, отчетноста и доброто управување, рефлектирани во наодите од Анализата на судската пракса на Управниот суд во врска со Законот за пристап до информации од јавен карактер (2019-2023), а која беше изготвена во соработка со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

На тркалезната маса, преку структурирани презентации и експертската анализа од страна на експерти кои ја подготвија Анализата, овој настан имаше за цел да го зајакне спроведувањето на едно од основните човекови права во Северна Македонија, осигурувајќи дека слободниот пристап до информациите од јавен карактер  е столб за транспарентност, отчетност и демократско владеење.

Анализата може да ја најдете на следниот линк:

Анализа на судската пракса на Управниот суд (2019-2023) и влијанието на Тромсо конвенцијата врз транспарентноста на институциите

Accessibility Toolbar