СПРОВЕДЕНА ПОСТАПКА ЗА ПОРАМНУВАЊЕ ПРОТИВ СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА КОИ НЕ ПОДНЕСОА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ
11.06.2021
Во изминатите две седмици, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер ја спроведе првата фаза од прекршочната постапка, поведена против службените лица за посредување со информации од јавен карактер кои не поднесоа Годишен извештај за имплементација на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во 2020 година.
Притоа, беше спроведена постапка за порамнување на која беа поканети 333 службени лица од 308 институции, кои во законскиот рок не поднесоа Годишен извештај за имплементација на Законот.
Од лицата кои се одзваа на Поканата за порамнување, вкупно 59 службени лица го потпишаа прекршочниот платен налог, со што постапката против нив ќе биде прекината.
Против останатите службени лица, од кои најголемиот број доставија писмени појаснувања и образложенија за причините за (не)доставување на Годишниот извештај, постапката ќе продолжи пред Прекршочната комисија на Агенцијата.
По целосното спроведување на прекршочната постапка, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер ќе излезе со уште посеопфатни податоци и соодветна анализа.