РАТИФИКУВАНА КОНВЕНЦИЈАТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА ПРИСТАП ДО ОФИЦИЈАЛНИ ДОКУМЕНТИ (ТРОМСО КОНВЕНЦИЈА)
Собранието на Република Северна Македонија, на својата 12-та седница одржана на 13 август 2024, го донесе Законот за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи. Со нејзиното донесување, Република Северна Македонија станува 16-та земја која ја има ратификувано оваа Конвенција.
Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи (CETS бр. 205), позната и како Тромсо конвенција, е донесена на 18 јуни 2009 година во Тромсо, Норвешка, а стапи на сила на 1 декември 2020 година.
Досега Конвенцијата ја имаат ратификувано и истата има влезено во сила во 15 земји: Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Естонија, Финска, Унгарија, Исланд, Литванија, Црна Гора, Норвешка, Република Молдавија, Словенија, Шпанија, Шведска и Украина.
Конвенцијата од Тромсо е првиот обврзувачки меѓународен правен инструмент кој го признава правото на пристап до официјалните документи што ги поседуваат јавните органи на секое правно и физичко лице, без дискриминација и без оглед на статусот или мотивите на барателот при неговото барање за пристап до информации од јавен карактер.
Сите официјални документи во принцип се јавни, и може да бидат исклучок само согласно на други права и легитимни интереси, конкретно наведени во Конвенцијата, освен ако не постои заштитен јавен интерес во објавувањето.
Конвенцијата од Тромсо утврдува минимални стандарди за брза и правична постапка на барањата за пристап до официјалните документи од страна на јавните органи кои ги поседуваат документите, како и за внатрешни административни ревизии и жалби поднесени до независните органи или судови во случај на одбивање на барањата за пристап до информациите од јавен карактер.
Таа е отворена за пристапување на која било држава која не е членка на Советот на Европа или на која било друга меѓународна организација, во согласност со барањата од член 17 од Конвенцијата.
Линк до КОНВЕНЦИЈАТА:
Конвенција на Советот на Европа за пристап до јавни документи (Тромсо конвенција)