РАБОТНА СРЕДБА: ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ И КОАЛИЦИИ ВО ПРЕДИЗБОРЕН И ИЗБОРЕН ПЕРИОД

28.02.2024

Во просториите на Агенција се одржа работна средба, насловена „Транспарентност на политичките партии и коалиции во предизборен и изборен период“. Пламенка Бојчева (директорка на АЗПСПИЈК) и Илина Мангова (регионална советничка за Европа, Меѓународен републикански институт — ИРИ), ја отворија оваа работна средба со поздравно обраќање кон присутните.

По воведното обраќање, Марија Саздевски-Вангеловски (виша менаџерка за финансии и администрација, ИРИ) и Петар Гајдов (државен советник, АЗПСПИЈК) направија краток осврт на состојби и предизвици при објавување информации од јавен карактер од страна на партиите и коалициите поврзани со избори и редовно работење, давајќи, при тоа, насоки за унапредување на транспарентноста на политичките партии во предизборен и изборен период.

Во оваа пригода, учесниците-претставници на политичките партии и коалиции во Република Северна Македонија имаа можност да ги споделат своите практични искуства поврзани со информациите од јавен карактер, но и да проговорат за предизвиците со кои се соочуваат со објавување информации и известување во предизборниот и изборниот период.

Извлекувајќи заклучоци од дисусијата, Макфирете Морина-Сулејмани (советничка за спроведување на управни постапки, АЗПСПИЈК, и модератор на настанот) и Марија Саздевски-Вангеловски ја затворија работната средба, потенцирајќи ги чекорите кои треба да следат за зголемена транспарентност на политичките партии и коалиции во предизборниот и изборниот период.

Accessibility Toolbar