РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА

24.10.2023

Директорката на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Пламенка Бојчева и Раководителот на Сектор за управно-правни и општи работи, Исамед Сељмани остварија работна средба со министерот за правда, Кренар Лога.

Една од темите на средбата беше ратификацијата на Тромската Конвенција, која нашата држава ја има потпишано во 2009 година и се дискутираше и за потребата од соодветни измени во законското решение за заштита на правото за пристап до информации од јавен карактер.
     
Беше заклучено дека правото за пристап до информации од јавен карактер е од суштинско значење за одржување на демократските вредности и е тесно поврзано со фундаменталните права и слободи на граѓаните.

Accessibility Toolbar