РАБОТНА СРЕДБА ЗА ПРОЕКТОТ “ПАРТНЕРСТВО ПРОТИВ КОРУПЦИЈА”

Во просториите на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер беше презентиран проектот „Партнерство против корупција“ (Partnership against corruption), кој e предводен од глобалната компанија MSI Вашингтон од Соединетите Американски Држави и истиот ќе биде реализиран со финансиска поддршка од УСАИД. На средбата присуствуваа претставникот на MSI, г-н Nils Taxell, г-ѓа Неда Малеска од Центарот за управување со промени и г-ѓа Ана М. Маринковиќ од Nextsense.
Целта на состанокот беше информирање со иницијалните активности на проектот во чии рамки ќе биде вклучена и Агенцијата.
На состанокот, директорката Пламенка Бојчева ги презентираше потребите и очекувањата од овој проект и даде конкретни предлози како истите да бидат реализирани. Во дискусија со соговорниците беа разменети мислења, искуства и беше искажана согласност на Агенцијата, покрај специфичните активности во кои ќе биде вклучена во проектот, да се разгледа можноста за вклучување и во останатите области кои проект ги опфаќа.
Во следниот период ќе следуваат работни средби на кои ќе бидат разработени активностите за реализација на овој проект.