РАБОТНА КООРДИНАЦИЈА ВО ИНСПЕКЦИСКИОТ СОВЕТ

25.10.2023

На вчерашната редовна месечна координација со државните инспекторати во Инспекцискиот совет, меѓу другите присуствуваше и директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер Пламенка Бојчева. Тема на состанокот беше минатогодишниот Извештај за транспарентност на инспекциските служби кој го изготви Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Со највисоко ниво на транспарентност на официјалните веб страни се издвојуваат пазарниот и управниот инспекторат.

Правото на пристап до информации е едно од основните човекови права и обврска на државните институции, поради што посебен акцент беше ставен на потребата од проактивно објавување на информаците кои ги создаваат и со кои располагаат овие институции. Со јакнење на активната транспарентност, граѓаните редовно се информираат за работата на институциите, а им се олеснува работата и на самите службеници. Притоа беше потенцирана потребата од инклузивност на веб страните, за ниту еден граѓанин да не биде изоставен од правото да биде информиран.

За целосно да се применат укажувањата на Агенцијата, наредниот месец ќе биде посветен на обука на службените лица во државните инспекциски служби и раководните лица во овие институции.

Accessibility Toolbar