РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ДОЈРАН

25.12.2023

Tимот од Инклузива, заедно со нашата директорка Пламенка Бојчева и колегата Исамед Селмани, одржаa работилница за вработените во општина Дојран. Во текот на работилницата, учесниците  се запознаа со значењето и употребата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, важноста на транспарентноста и отчетноста кон граѓаните, како и соодветна поддршка на лица со попреченост при остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во текот на практичниот дел од обуката, на присутните им беше образложена анализата на нивната Интернет-страница, по што добија соодветни насоки како да ја подобрат нејзината техничка функционалност за полесен пристап до информациите за лицата со попреченост. Воедно, беа упатени како да ја подобрат содржината на Интернет-страницата со цел да се овозможи поголема разбирливост за лицата со попреченост.

Овие активности се во рамките на Проектот за инклузија во пристапот до јавни информации за лицата со попреченост кој е финансиран од Фондацијата „Отворено општество — Македонија“.

Само заедно можеме повеќе за сите.

Accessibility Toolbar