РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ГОСТИВАР

04.12.2023

На 04.12.23, директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева, заедно со дел од колегите-обучувачи од Агенцијата и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „ИНКЛУЗИВА“, одржаа работилница за пристап до информации за лицата со посебни потреби за вработените во општина Гостивар.

Оваа работилница беше реализирана со цел да ги обучи вработените во општина Гостивар како да ја подобрат функционалноста на Интернет-страницата на општината за лица со посебни потреби со цел да се олесни нивниот пристап до информациите од јавен карактер.

Само заедно можеме да изградиме подобро општество за сите.

Accessibility Toolbar