РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПРИ ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

29.11.2023

Во соработка со здружението Инклузива-Inkluziva, на 29.11.23 нашата Агенција учествуваше во реализацијата на работилница со вработените во општина Прилеп на која што присуствуваше и градоначалникот на општина Прилеп, г-н Борче Јовчески.

На оваа работилница, учесниците беа запознаени со значењето и употребата на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, важноста на транспарентноста и оттчетноста кон граѓаните, но и како да пружат соодветна поддршка на лица со попреченост при остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во текот на практичниот дел, присутните добија соодветни насоки како да ја подобрат техничката функционалност на нивната Интернет-страница, со цел да се подобри пристапноста и разбирливоста на информациите за лицата со попреченост.

Работилницата е дел од Проектот за инклузија во пристапот до јавни информации за лицата со попреченост, кој е поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

 

Accessibility Toolbar