ПРИРАЧНИК ЗА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

21.05.2024

 

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА од Куманово, како дел од Проектот за инклузија во пристапот до јавни информации за лицата со попреченост, кој е поддржан од Фондацијата  „Отворено општество – Македонија“, подготвија Прирачник за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер за лицата со попреченост.

Овој прирачник има за цел да ги информира лицата со попреченост за правото на пристап до информациите од јавен карактер, како едно од уставно загарантираните права. Слободниот пристап до информации од јавен карактер е процес во кој лицата со попреченост имаат еднакви човекови права, како сите други граѓани, а овој прирачник ќе има овозможи да се запознаат со законските права на кој начин да бараат и да добиваат информации од јавен карактер кои се од нивен интерес.

Прирачникот е поместен на линкот: https://aspi.mk/wp-content/uploads/2024/05/Priracnik-Finalen-1.pdf

Accessibility Toolbar