ПОЧЕТОК НА TWINNING LIGHT ПРОЕКТОТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Во духот на институционална отвореност, Ве известуваме дека деновиве беше означен почетокот на Twinning Light проектот „Поддршка на слободниот пристап до информации – Се издигнуваме заедно“ (14.05.2025 – 18.04.2026) во соработка со нашите партнери од Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) и со финансиска поддршка на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.
Овој проект претставува значаен чекор кон унапредување на институционалните капацитети и јакнење на системот за пристап до информациите од јавен карактер.
Очекуваме успешна и професионална соработка со германските експерти, заснована врз заедничка размена на знаења, искуства и добри европски практики. Убедени сме дека спроведувањето на проектните активности ќе резултира со конкретни препораки и подобрувања кои ќе придонесат за зголемување на транспарентноста, отчетноста и ефикасноста на институциите во Република Северна Македонија.
Проектот претставува важен дел од нашите стратешки заложби за приближување кон европските стандарди и зајакнување на демократските принципи преку овозможување навремен и недискриминаторски пристап до информации за сите граѓани.
Со почетокот на Twinning Light проектот, заедно со колегите од Сојузна Република Германија, отвораме ново поглавје во унапредувањето на транспарентноста и јавниот пристап до информации.