ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО „НОВИНАРИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“

26.12.2022

Денес, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и Здружението „Новинари за човекови права“ – НЧП, потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот за соработка предвидува заедничка соработка на Агенцијата и Здружението НЧП, како и на други државни иституции, во однос на пристапот за слободен пристап до информациите од јавен карактер како алатка за побрзо добивање на институционални информации кои се однесуваат на заштитата на децата од исчезнување.

Агенцијата е вклучена во активностите на Проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“ кој Здружението го имплементира во соработка со партнер организацијата ЕКПАТ од Австрија.

Проектот кој започна во јули 2021 година, а ќе трае до декември 2022 година,  Новинари за човекови права го спроведува со финансиска поддршка од Федералното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија. Главната цел на проектот е преку низа активности да се започне со развој на Систем за рано предупредување за исчезнати деца.

Во рамки на проектниот циклус беа одржани бројни активности до декември 2022 година, преку воведување на добри практики преку вклучување на различни засегнати страни во процесот на елиминирање на трговијата со деца за трудова / сексуална експлоатација, а на работилниците и студиските посети Агенцијата зема активно учество на и неколку тркалезни  маси.

Accessibility Toolbar