ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА: “ПРЕКУИНСТИТУЦИОНАЛНА ОТВОРЕНОСТ КОН СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА – ИНДЕКС НА ОТВОРЕНОСТ”
По повод меѓународниот ден за борба против корупција, Фондацијата „Метаморфозис“ организираше панел-дискусија “Преку институционална отвореност кон спречување на корупција – Индекс на отвореност” на која што учество зеде и директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева.
На настанот беа промовирани најновите резултати од мониторирањето на институционалната отвореност на извршна и законодавна власт изведена преку Индексот на отвореност на национално и регионално ниво, преку што се дискутираше за добритепрактики и горливите предизвици за потранспарентни институции со цел да се зголеми довербата на граѓаните и да се зајакнат напорите за искоренување на корупцијата.
Во таа насока, директорката Бојчева истакна: „Правото на јавноста да знае е дел од корпусот на фундаментални човекови права во современиот свет. Ова право е незамисливо без слободниот пристап до информациите, кој претставува еден од клучните столбови на кои се базираат современите демократии и овозможува навремена и целосна информираност на граѓаните, која е неопходна за нивно ефикасно учество во јавниот живот. Како клучен гарант за транспарентноста, правото на јавноста да знае воедно е и најголем бедем на одбрана против корупцијата. Коруптивната пракса и злоупотребата на јавните ресурси покажуваат дека овие негативни појави доминантно се развиват во тајност, каде информациите за јавноста се недостапни, а јавната контрола е оневозможена.“
Настанот е дел од првиот „Отворен форум за антикорупција“ кој се организира во рамките на програмата „Граѓаните против корупцијата“ и СЕЛДИ.