ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ КАКО ИМАТЕЛИ НА ИНФОРМАЦИИ – ИСКУСТВА И ПРЕДИЗВИЦИ“ ВО МАДРИД, ШПАНИЈА

08.05.2024

На 6 и 7 мај 2024 година, во Мадрид, Шпанија се одржа тематска работилница за анализирање/справување со случаи за слободен пристап до информации, именувана „Политичките партии како иматели на информации – искуства и предизвици“, во организација на Советот за транспарентност и добро владеење на Шпанија.

На работилницата се обратија Пламенка Бојчева, директорка на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и Петар Гајдов, државен советник во Агенцијата, при што презентираа примери од праксата. Своето искуство го споделија и претставниците од институциите на Естонија, Португалија, Германија, Северна Македонија, Словенија, Швајцарија, Унгарија, Шпанија, Обединетото  Кралство, Албанија, Косово, Хрватска, Луксембург, како и претставник на Европскиот омбудсман.

Accessibility Toolbar