ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

17.02.2020

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во соработка со Центарот за граѓански комуникации, денeска одржа работилница на која се дискутираше за прашања и дилеми кои произлегуваат од новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Целта на работилницата беше надминување на одделни воочени дилеми и нејаснотии, во функција на доследна примена и имплементација на Законот.
На работилницата активно учество земаа членови на работната група која го изготви текстот на новиот Закон и тоа како претставници од државните институции и како службени лица кај иматели на информации, претставници од невладиниот сектор како директни корисници на ова право и претставници од редот на вработените во Секретаријатот на Агенцијата.

Директорката на Агенцијата Пламенка Бојчева и претседателот на Центарот за граѓански комуникации Герман Филков, на почетокот ги потенцираа дилемите во врска со имплементацијата на новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје д-р Ана Павловска Данева во својство на експерт даде појаснувања во врска со законските решенија и отворените дилеми. Понатаму во текот на дискусијата активно учество земаа и останатите присутни кои со своето искуство од примената на Законот дадоа свој придонес во надминувањето на одредени дилеми.

Accessibility Toolbar