ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ВО СОРАБОТКА СО НАЦИОНАЛНИОТ ДЕМОКРАТСКИ ИНСТИТУТ

27.05.2025

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во соработка со Националниот демократски институт, кој го имплементира Проектот „Заедници со интегритет“, а поддржан од Владите на Швајцарија и Шведска, организираше работилница посветена на подобрување на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Целта на проектот е да се создадат и институционализираат силни системи и пректики за интегритет кои ги минимизираат ризиците од корупција и ја зголемуваат довербата на граѓаните.

Целта на работилницата беше да се подобри разбирањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да се развијат практични вештини за негова примена во општините, со фокус на принципите на транспарентност и отчетност. Учесниците се запознаа со механизмите за постапување по барање, жалби, исклучоци и практики на проактивна транспарентност.

Службените лица и раководителите на општините: Битола, Боговиње, Гази Баба, Куманово, Струмица и Штип, кои се дел од проектот, со интеракција и активно учество преку практични примери од секојдневната работа во однос на слободниот пристап до информации од јавен карактер, ги усовршија своите знаења за националното законодавство и меѓународните стандарди, правилата за постапување по барања и жалби, како и за подготовка на тестови за штетност и подобрување на проактивната транспарентност на институциите. Потенцираа дека пристапот до информациите се клучна алатка за зголемување на транспарентноста, за поттикнување на соработката, како и активно вклучување на граѓаните во локалните процеси.

Оваа работилница претставува важен чекор кон изградба на отворена власт која гарантира интегритет, отчетност и ја намалува корупцијата во општините.

Accessibility Toolbar