ОБУКА ЗА ИМАТЕЛИ НА ИНФОРМАЦИИ

21.03.2024

Обуката за „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ се одржа во просториите на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер каде присуствуваа службени лица од образовните и здравствените институции на Република Северна Македонија.

Вработените во Агенцијата задолжени за обука подетално ги запозна учесниците со постапката за барање на информации од јавен карактер, исклучоците од слободниот пристап до информациите од јавен карактер, како и со начинот на кој се користи Е-порталот за иматели на информации — достапен на официјалната интернет страница на Агенцијата.

За повеќе информации и практични вежби за поефикасно спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и олеснување на пристапот до информации од јавен карактер на сите граѓани, ги повикуваме сите службени лица кај имателите на информации и самите да се пријавуваат за следење на обуките, на електронската адреса: obuki@aspi.mk.

Accessibility Toolbar