НАСОКИ ЗА ПРОАКТИВНО ОБЈАВУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ЗА ИМАТЕЛИ НА ИНФОРМАЦИИ КОИ НЕМААТ ОФИЦИЈАЛНА ВЕБ-СТРАНИЦА

10.07.2023

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер подготви Насоки за проактивно објавување на информации од јавен карактер за иматели на информации кои немаат официјална веб-страница.

Обврската за проактивно објавување на информации од јавен карактер, предвидена во член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РСМ“ бр.101/2019), е задолжителна за сите иматели на информации, што значи дека немањето на сопствена веб-страна не ги ослободува имателите од исполнување на наведената обврска.

Затоа, Агенцијата дава препорака до имателите кои немаат сопствена веб страна додека не се исполнат условите за да имаат сопствена веб-страна, во соработка и договор со органите кои ги основале или кои се надлежни за нивното работење, да ги објавуваат своите информации пропишани со член 10 од Законот на веб-страниците од надлежните иматели.

На следниот линк можете повеќе да се запознаете со:

НАСОКИ ЗА ПРОАКТИВНО ОБЈАВУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ЗА ИМАТЕЛИ НА ИНФОРМАЦИИ КОИ НЕМААТ ОФИЦИЈАЛНА ВЕБ СТРАНИЦА

Accessibility Toolbar