МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОМЕСАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ (ICIC) ГО ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

26.09.2024

 

Во организација на Националниот институт за транспарентност, пристап до информации и заштита на лични податоци од Мексико, а како претседавач со Меѓународната конференција на комесари за информации (ICIC), во виртуелен формат, се одбележа Меѓународниот ден на универзален пристап до информации 2024 година.

Меѓународната конференција беше на тема: „Интегритет, вклучување и идни предизвици за пристап до информации во јавниот сектор“, а на која учество земаа голем број на претставници од институции од светот, кои се грижат за имплементација на ова основно човеково право, правото на информации.

На покана на Националниот институт за транспарентност, пристап до информации и заштита на лични податоци од Мексико, на конференцијата, во вториот панел кој беше на тема: „Влијанието на информациите во јавниот сектор“, свое обраќање имаше директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева.

Целта на оваа конференција беше да се создаде простор за дијалог и размислување за да се одбележи Меѓународниот ден на универзален пристап до информации 2024 година, но и да се презентираат од компаративна перспектива, придонесите за транспарентноста, пристапот до информации, интегритетот и политиките за јавната етика.

Accessibility Toolbar