МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ВО БАКУ НА ТЕМА „КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА: УЛОГАТА НА ОМБУДСМАНИТЕ И НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“

02.10.2024

Меѓународниот форум во Баку на тема „Климатските промени и човековите права: Улогата на омбудсманите и националните институции за човекови права“ се одржа на 2 Октомври 2024 година. На форумот присуствуваа вкупно 200 учесници, вклучително и над 60 гости од околу 30 земји, како што се народни правобранители и претставници на НИЧП, комесари за информации, високи државни функционери, лидери и претставници на граѓански организации и разни меѓународни организации и експерти за климатски промени и човекови права. Целта на форумот беше да се разговара за предизвиците што ги носат глобалните климатски промени и да се истражат решенијата од перспектива на човековите права, како и да се споделат позитивни искуства во оваа област. Форумот беше домаќин на панел-сесии на следниве теми: „Стратегии за поддршка на НИЧП и канцелариите на омбудсманот во иницијативите за климатски промени“, „Јавен пристап до информации за климатските промени и нивните ефекти“, „Перспективи за соработка и развој на соработката“, „Климатските промени и нивните вкрстувања со нагазни мини и експлозивни остатоци од војна (ERW)“ и „Поттикнување на деловната одговорност во контекст на климатските промени“.

На темата „Јавен пристап до информации за климатските промени и нивните ефекти“ свое излагање имаше Директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен приста до информациите од јавен карактер на Република Северна Македонија, Пламенка Бојчева. Во својот говор таа се осврна на неопходноста од самоиницијативно, навремено и ажурно проактивно објавување на информациите од страна на владините институции кои ги креираат политиките во областа на климатските промени, екологијата и животната средина, со цел целокупната јавност да биде навремено и детално информирана за тие политики и вклучена на процесите на креирање и носење на одлуките и нивното спроведување.

На крајот беше објавена и едногласно усвоена Декларацијата на Меѓународниот форум на омбудсмани во Баку. Декларацијата има за цел да ја подобри улогата на омбудсманите и НИЧП во решавањето на еколошките прашања и зголемувањето на јавната свест.

На маргините на конференцијата се одржа церемонија на доделување награди за победниците на конкурсот за истражување-есеи на тема „Климатските промени и човековите права“, објавен за студентите од Народниот правобранител и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Accessibility Toolbar