МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ „ПОРТАЛИ, РЕГИСТРИ, ПЛАТФОРМИ – ДИГИТАЛНИ И ТРАНСПАРЕНТНИ?“ ВО ПОТСДАМ, ГЕРМАНИЈА
Претставник на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер учествуваше на Меѓународниот симпозиум „Портали, регистри, платформи – дигитални и транспарентни?“ , кој се одржа на 16 октомври 2023 година во Потсдам, Германија.
Тема на симпозиумот беше како платформите за отворени податоци, регистри за транспарентност, како и специјализираните портали за објавување и користење на истите се развиваат во последниве години. Презентирани беа примери на кој начин администрациите во земјите од Европската унија проактивно објавуваат се повеќе информации на интернет и платформите специјализирани за отворени податоци.
На симпозиумот свои презентации и искуства презентираа меѓународни експерти од Европската Комисија, Естонија, Словенија, како и претставник од невладиниот сектор од Холандија. Симпозиумот беше добра можност да се согледаат искуствата за отворените податоци и колку тие се потребни за побрз развој на општествата од повеќе аспекти: животна средина, административните информации, како и за развој на бизнис секторот.
Симпозиумот понуди нови перспективи, како и интересни сознанија за успешни стратегии за отворени податоци и најдобри практики.