ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД ЗАКОНСКИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПЕРИОД ЈАНУАРИ-ЈУНИ 2022 ГОДИНА

29.07.2022

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер подготви шест месечен Извештај за реализираните активности произлезени од законските надлежности за периодот јануари-јуни 2022 година.

Како второстепен орган во процесот на имплементација на остварувањето на правото на пристап до информации од јавен карактер, Агенцијата пред себе го има најголемиот предизвик, кој произлегува од основната надлежност – да води управна постапка и да одлучува по жалби од барателите на информации поднесени против имателите на информации, во случаите кога имателите на информации не постапиле согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Овој извештај се содржани податоци за постапувањето на Агенцијата по поднесените жалби, во периодот од 01 јануари до 30 јуни 2022 година, во кој биле поднесени вкупно 184 жалби.

Целосниот Извештај можете да го преземете на следниот линк: ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ЈАНУАРИ-ЈУНИ 2022

Accessibility Toolbar