ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШЕНА ПРОВЕРКА НА ОБЈАВЕНИТЕ ДОКУМЕНТИ И ИНФОРМАЦИИ КОИ ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА И АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ОПШТИНИТЕ КАКО ИМАТЕЛИ НА ИНФОРМАЦИИ СЕ ОБВРЗАНИ ДА ГИ ОБЈАВАТ НА СВОИТЕ ВЕБ-СТРАНИЦИ

20.10.2023

 

Агенцијата, согласно своите надлежности, но и како додадена вредност на слободниот пристап до информации од јавен карактер во однос на проактивното објавување на информациите согласно член 10 од Законот за СПИЈК спроведе мониторинг на 49 иматели, односно на веб страниците на имателите од јавните претпријатија во надлежност на Градот Скопје и општините, како и на јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост, како дел од имателите објавени на Листата на иматели на информации на веб страната на Агенцијата. Мониторингот беше спроведен во периодот од 19 септември до 10 октомври 2023 година.

Проактивно објавените информации на имателите треба да бидат лесно достапни и разбирливи, да можат да се употребат, да бидат релевантни за граѓаните и истите редовно да се ажурираат. Информацијата е предуслов за одговорна власт и основа за демократските процеси-информациите за работата на имателите им овозможуваат на граѓаните адекватно да донесуваат заклучоци и да партиципираат во носењето на одлуки за прашања кои се од нивен интерес. Транспарентноста и пристапот до информациите од јавен карактер се неделиви инструменти во борба против корупцијата.

Од мониторираните 49 иматели на информации, според методологијата за мониторирање, 10 иматели се со високо ниво на транспарентност, 30 иматели се со средно ниво на транспарентност, а 9 иматели се со ниско ниво на транспарентност. Мониторираните иматели имаат средна вредност на проактивната транспарентност.

Сепак, ова не значи дека имателите треба да бидат задоволни со својата транспарентност од причини што веб страните на најголемиот број на иматели од оваа група на мониторирани институции не се едноставни за добивање на одредена информација која е од интерес на граѓаните/барателите на информации од јавен карактер.

Според резултатите од мониторингот, најтранспарентни се: Ј.П. Комунална хигиена-Скопје со 49,5 бода, А.Д. МЕПСО-Скопје и А.Д. ТЕЦ НЕГОТИНО-Неготино со по 42 бода од можните 55 бода. Треба да потенцираме дека веб страните на најдобро рангираните институции имаат лесен и пристапен начин на достапност на информациите од јавен карактер од интерес на барателите и ги поттикнуваме да ја следат  и надоградуваат проактивната транспарентност, како и отчетноста во својата работа пред граѓаните.

Мониторингот на веб страниците на Јавните претпријатија под надлежност на општините и Град Скопје и јавните препријатија и акционерски друштва во државна сопственост покажа дека како иматели на информации од јавен карактер треба да вложат многу поголем труд за да ја подобрат и зајакнат што повеќе својата проактивност кон граѓаните. Информациите кои ги публикуваат да ги поставуваат во посебен банер/линк под наслов ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ/СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ, со што истите ќе бидат лесно достапни до барателите и на тој начин ќе го намалат бројот на барања по слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Извештајот од мониторингот можете да го симнете на следниот линк:

Извештај од мониторинг на ЈП и АД 2023

Accessibility Toolbar