ЗАКЛУЧОК НА ВЛАДАТА ОД 204-TA СЕДНИЦА

22.12.2023

 

На двесте и четвртата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 06.12.23, беше разгледана потребата од достапност и проактивна соработка со граѓаните и граѓанскиот сектор од страна на органите на државната управа со цел да се унапреди активната транспарентност и пристапот до информации од јавен карактер.

При тоа беа донесени и усвоени неколку заклучоци со кои органите на државната управа се задолжуваат да навремено да обезбедат слободен пристап до информациите од јавен карактер во согласност со Законот на јасен и разбирлив начин, во писмена и електронска форма (објавени на нивните Интернет-страници); да ја проверат функционалноста на комуникациските канали (електронски адреси, телефонски броеви) со цел да бидат подостапни за граѓаните; да одговараат неселективно, транспарентно, навремено и аргументирано на барањата од засегнатите страни во нивното секојдневно работење; како и да соработуваат меѓусебно во сите фази на креирање и реализација на програмата за работа на Владата на Реублика Северна Македонија.

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер ги поддржува овие заклучоци и им препорачува на имателите на информации од јавен карактер и во иднина доследно да ги почитуваат стандардите за транспарентност и отчетност и да ги унапредуваат дигиталните можности на институциите за олеснување и автоматизирање на процесот на отворање на податоците. Само на тој начин институциите и нивната работа ќе бидат подостапни до крајните корисници — барателите на информации од јавен карактер, односно граѓаните, и ќе придонесат за зајакнување на механизмите за отчетност при креирањето на политиките.

Заклучокот на Владата можете да го видите на следниот линк:

Нацрт записник од 204-та седница на Владата на РСМ

Accessibility Toolbar