УСПЕШНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА CAF ПРОЦЕСОТ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

09.10.2024

Под покровителство на Центарот за управување со промени, во рамките на Проектот на УСАИД за партнерство за борба против корупцијата, успешно ја заокруживме работата на развој на европските стандарди за управување со квалитетот. Во овој проект, Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е клучна институција која ги негува транспарентноста и отчетноста како највитални компоненти во битката против корупцијата.

Примарната цел на работата спроведена во изминатите два дена беше да се идентификуваат стратешките мерки активности кои ќе се спроведат во следните две години, насочени кон намалување на институционалните ранливости и ризиците од корупција.

Преку заеднички напори, опстојуваме во нашата заложба да воспоставиме посилни и поефикасни институции во борбата против корупцијата.

Accessibility Toolbar