Едукативно видео за поедноставување на пристапот до информации од јавен карактер за лицата со попреченост

30.05.2024

 

Во рамките на проектот „Инклузивност во пристапот до информации од јавен карактер за лицата со попреченост“, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер заедно со Здружението Инклузива и финансиска поддршката од Фондацијата Отворено општество ﹘ Македонија, создадоа нешто навистина посебно: едукативно видео кое има за цел да го поедностави процесот на пристап до информации од јавен карактер, прилагодено за лицата со попреченост.

Во ова видео, посветените млади активисти на Здружението Инклузива ќе ве поведат чекор-по-чекор низ процедурата за барање информации од јавен карактер, осигурувајќи дека секој, без оглед на попреченоста, може да го искористи своето право на пристап до потребните информации.

Сега можете да ја погледнете оваа алатка за запознавање на нашите граѓани со ова право, бидејќи знаењето е моќ, а пристапноста е клуч за напредно општество!

Линк до видеото:

Accessibility Toolbar