ДВОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕКОЛОШКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕКОЛОШКАТА ПРАВДА“
Во соработка со УНДП и Архурс центар Скопје, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер одржа дводневна обука на тема „Зголемување на еколошката транспарентност за унапредување на еколошката правда“ на 20 и 21 мај 2024 година, во хотел „Монтана Палас“, Крушево.
Обуката беше реализирана во рамките на проектот „Унапредување на еколошката правда во Северна Македонија“, кој е финансиран од Глобалната програма на УНДП.
На обуката учествуваа претставници од општините Крушево, Велес, Демир Хисар, Прилеп, Тетово, Битола и Струга, како и претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Министерството за правда, Министерството за финансии и Државниот инспекторат за животна средина.
Oд страна на Архурс центар Скопје со свои презентации учествуваа Маја Марковска, Извршен директор и Александра Каракашова Сачкарска, додека пак од Агенцијата обуката ја орджаа Цветан Станоески, Раководител на одделение за управна постапка и Петар Гајдов, Државен советник, при што посебен акцент беше ставен на проактивната транспарентност во слободниот пристап до информациите од јавен карактер. По одржаните презентации се разви плодна дискусија, при што беа разменети искуства и примери од позитивната пракса со цел зголемување на еколошката транспарентност и унапредување на еколошката правда како на локално така и на централно ниво.