ДВОДНЕВНА ОБУКА ЗА ИНКЛУЗИЈА ВО ПРИСТАПОТ ДО ЈАВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

24.11.2023

Преку активно учество на дводневната обука на 23 и 24 ноември 2023 година во организација на Инклузива, вработените од нашата Агенција ги зајакнаа своите вештини за подобрување на пристапот до услуги и информации од јавен карактер за лицата со попреченост.

Заедно работевме на  запознавање со форматот, содржината и начинот на адаптација на јавни информации и модели на пристап и соодветна комуникација со лица со попреченост. Создаденото партнеството помеѓу Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер претставува голем исчекор кон напред кој води кон  креирање на пристапни и достапни информации од јавен карактер од кои ќе има бенефит општеството во целост.

Оваа обука е дел од Проектот за инклузија во пристапот до јавни информации за лицата со попреченост, кој е поддржан од Фондацијата  „Отворено општество – Македонија“.

Accessibility Toolbar